Über uns

Компанијата Пави-Транс е основана од господин Зоран Јовев како основач, но и управител на компанијата како резултат на неговото долгогодишно искуство во Меѓународниот транспорт за текстил, замрзната, свежа роба и збирен транспорт.

Компанијата е основана во Штип со седиште на улица Браќа Миладинови бр.22 на 10.03.2006 година.Компанијата започна со работа со само едно возило Авиа кофер и со само еден вработен.
Фирмата Пави-Транс е специјализирана за вршење Текстил Транспорт на брз поединечен транспорт, транспорт на замрзната и свежа рова и збирен транспорт од Македонија за Европа и од Европа за Македонија.

Компанијата со континуирана работа, истрајност, доверба и желба за проширување на возниот парк се прошири. Компанијата сега има 15 вработени и располага со 6 мали, сопствени возила со димензии од 6,44 X 2,50 X 2,50 со капацитет до 40 м3 за вршење на Текстилен Транспорт и 6 Шлепери за вршење на Транспорт на замрзната ,свежа роба,палетизирана и непалетизирана,збирен транспорт на сите дестинации во Европа со следниве димензии : 13,60cm- 90m3.

Сите наши вработени се високо обучени и располагаат со потребните сертификати за извршување на меѓународен и внатрешен транспорт.Компанијата Пави-Транс располага со ЦМР осигурување за сите возила. Сите Камиони се опремени со ГПС системи за 24 часовен надзор.

    Twitter not configured.